Поради изведување технички работи, утре од 08.30 до 10.30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Банско“ во општина Кисела Вода, а од 09.00 до 14.00 корисниците од викенд населба Голиево во општина Чучер Сандево, соопшти РЦУК на Град Скопје.
Во периодот од 09.00 до 15.00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Љубин“, „Александар Македонски“, „Андреј Зограф“ и „Борис Сарафов (општина Ѓорче Петров), како и корисниците од ул. „Востаничка“ над бр.82. (општина Кисела Вода).
Струја во периодот од 10.00 до 14.00 часот ќе немаат дел од корисниците од улиците „Презвинтер Константин и Поп Богомил“ (општина Карпош), од 10.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. „Мариовска“ (општина Кисела Вода), од 12.30 до 14.30 часот корисниците од ул. „Сава Ковачевиќ“ – подулица бр.14. (општина Кисела Вода), а во периодот од 14.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. „Истарска“ (општина Центар).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.