Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули.
Денеска е Св. великомаченица Недела.
Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.
Празникот на светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи. Во некои краишта, како на пр. во Дебарца, Охридско) празникот се вика Стара Недела, се смета за мајка на неделите и поради тоа за најтежок празник, се верува дека Божјата казна ќе го стигне секој што ќе работи на овој ден.
Поголем број цркви во Македонија се посветени на светата маченица Недела, но и многу извори со лековити води, исто така се поврзани со името на оваа светица (Неделечка вода).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е Св. великомаченица Недела, била мачена на најсуров начин, Христос секогаш ѝ ги исцелувал раните
-
Ова е најжешкиот календар за 2018 (видео)
-
Го видовте ли календарот на згодните австралиски пожарникари за 2018 година?
-
ГН на Франција и Германија од следната сезона повторно во календарот на Формула 1