Државното радио на Северна Кореја неодамна објави низа нејасни бројки, велат официјални лица од Сеул, пишува весникот „Гардијан“.
Бројките ги читала водителка на радио цели две минути на 24 јуни и полни 14 минути минатиот петок, велат од Националната агенција за контраразузнавање во Јужна Коеја. Меѓу бројките се и фразите „број 35 на страница 459“ и „број 55 на страница 913“.
Би можело да станува збор за продолжување на ладнокрвниот метод со кој режимот на Северна Кореја испраќал кодирани пораки на своите шпиони во Јуна Кореја. Ова престана во крајот на минатиот и почетокот на новиот век, откако на Север сфатиле дека интернет е исто така убаво место за пренесување пораки, а во меѓувреме се намалиле и тензиите меѓу двете држави.
Но, последните години односите меѓу Северна Кореја и нивните јужни соседи пак се заладија, така што не се исклучува можността повторно да се почне со испраќање на кодирани пораки на шпионите преку граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иран уапси шпиони во владата
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса