Американскиот претседател Барак Обама разговараше денеска со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и понуди помош од САД во истрагата за обидот за пуч.
Тој истовремено ја повика турската Влада да покаже воздржаност во кривичното гонење одговорни за обидот за државен удар.
Портпаролот на Белата куќа рече дека двајцата лидери разговарале и за статусот на Фетулах Ѓулен кого Ердоган го обвинува дека стои зад обидот за пуч и за чија екстрадиција Турција веќе почнала процедура. Ернест додаде дека турската Влада во врска со тоа испратила материјал до американската влада.
Портпаролот на Белата куќа истакна дека какво било барање за испорачување поднесено од Турција ќе биде проценето во согласност со одредби од договор меѓу двете држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.