Советот за високо образовани во Турција побара да бидат отпуштени од работа 1.577 декани и професори на државни и приватни факултети.
Телевизијата СиЕнЕн Турк јави дека таа бројка е речиси половината од професорскиот кадар на турските факултети. Претходно, турското Министерство за образование соопшти дека отпушти од работа 15.200 вработени поради поврзаност со неуспешниот обид за воен удар. Одлуката е донесена по чистки на илјадници вработени во армијата, полицијата, судскиот систем, разузнавањето, Министерството за финансии, Кабинетот на премиерот и Дирекцијата за религиозни прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.