| четврток, 6 декември 2018 |

Сменети сите декани во Турција

Одборот за високо образование во Турција ги сменил сите 1.577 декани на сите приватни и државни универзитети, јави телевизијата „ТРТ“.

Информацијата за оваа одлука стигна само неколку часа по веста дека се суспендирани 15.200 лица во образованието на Турција.

Агенцијата „Анадолија“ јави дека по суспензијата во образованието, околу девет илјади откази во полицијата и околу 200 во кабинетот на премиерот, на ред се министрството за социјални работи каде што се сменети 399 луѓе.

Илјада други лица се отпуштени или суспендирани во министрството за одбрана, финансии и други ресори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top