Мохамед Булел, кој минатата недела со камион усмрти 84 лица на шеталиштето во Ница, неколку часа пред масакрот правел селфи и се забавувал со пријателот, пренесува француската ТФ1.
Француската телевизија објави фотографија на која терористот Булел позира во кабината на камионот на смртта, со кој уби недолжни луѓе.
-Булел изгледа сосема опуштено додека се подготвува за масовно убиство. Покрај него се наоѓа уште еден човек, веројатно пријател. Неколку часа потоа, Булел уби 84 луѓе, меѓу кои и десетина деца – се наведува во прилогот на ТФ1.
Француската телевизија наведува дека Булел праќал шеговити пораки на своите пријатели пред да го направи маскарот.
-Делувал опуштено, како да ќе оди на домор, а не да убие толку луѓе-истакнува ТФ1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.