Сите овие години на загриженост дека терористите ќе развијат пософистицирани методи, нападот во Ница покажа дека тие методи ги надминаа и стравувањата: форма на толку сурово насилство, што ги прави бескорисни вообичаените мерки на одбрана. Ова дело, без оглед на деталите, претставува кулминација на долго граден тренд, во кој тактиката против тероризмот ја претвори во застарена, а целите сѐ повеќе случајни. Тоа изнудува признание дека мерките на безбедност и разузнавање, кои се во сржта на западното размислување, се со ограничено користење и никогаш не може да гарантираат целосна безбедност од поединец кој одлучил да убие.
Сето ова наметнува размислувања врз поапстрактни и понејасни методи за борба против тероризмот кои не ветуваат запирање на насилството, туку само ублажување на основните политички или социјални поводи. Тоа се повеќе се наметнува во политиката на западните земји, каде што лидерите изминатите 15 години го опишуваа тероризмот како војна во која може да се победи. Целите на тероризмот, популацијата, се соочува со нова тешка реалност, во која опасноста може да се управува или контролира, но не и целосно да се надмине.
Еден поинаков вид на проблем
Нападите на 11 септември 2001 година го оформи западното поимање за тероризмот. Непријателот, без разлика дали на Ал Каеда или некоја друга група, се толкува како кохезивна група која управува од далеку. Тој непријател координира комплексни, воени напади врз државни или цивилни цели кои имаат симболична или политичка вредност. Владите може да ги предвидат и одбранат целите, да ги надгледува и поразат групите и на крајот со поразување на лидерите и освојување на нивната територија, да се победи во војната.
Но, заканата еволуираше во нешто многу потешко за спротивставување. Во средината на 2000-тите години во Ирак, тие групи, не можејќи да ја поразат окупациската сила предводена од САД, наместо кон ирачките цивили, создадоа метод со кој терористички групи сега се распоредени низ светот.
Во 2008 година, пакистански милитанти убиеја 166 лица во Мумбаи, Индија, напаѓајќи она што експертите го нарекуваат „меки“ цели: места како што се хотели и железничките станици каде има многу луѓе, но, поради нивната природа, тешко е да се одбранат. На конференција за безбедност во западните метрополи, претставници и аналитичари почнаа да се грижат за тоа дали би можело да се спречи „напад во Мумбаи-стил“ во своите земји.
Потоа се случи подемот на напаѓачите во стилот на „осамен волк“ кои дејствуваат сами, без обука или често дури и без контакт со терористички групи за кои се тврди дека им служеле. Нападите се подготвувани во главите на поединците чии намери се скриени се додека не започне пукањето.
Таквите напади се постари од Исламската држава, иако групата ги нагласува, ширејќи пропаганда која обезбедува тактички насоки и идеолошко оправдување за секој со интернет конекција.
Употребата на камионот во Ница е нова само во специфичноста и во степенот кој принудува да се разбере тоа што е тешко да се игнорира: Во светот на осамените волци и нападите во Мумбаи стилот, барикадите, детектори за метал и програмите за следење може само да ја подобрат безбедноста, но повеќе не може апсолутно да ја гарантираат.
Што да се преземе?
Како што одбраната од тероризмот станува сѐ потешка, политички експерти велат дека владите треба да се фокусираат на два подлабоки проблеми: идеологијата која повикуваат на такво насилство и, уште потешко, кон социјални и политички фактори што го доведуваат поединецот да ја прифати таа идеологија.
Но, како да се порази идеологија? Уништување на Исламската држава т.н. „калифатот“ во Ирак и Сирија, некои тврдат, ќе го намали неговото грандиозно тврдење и ќе ја потисне појавата. Таа, исто така ќе ја ограничи способноста на групата за координација да ги инспирира осамените актери за големи напади кои може но и не мора, да бидат управувани од идеологијата.
Сепак, дури и ако групата ја загуби територијата, пропагандата ќе преживее онлајн, заедно со проблемите кои придонесоа за пораст на таа идеологија. На Блискиот Исток ќе останат авторитарните држави, кои често самите користат насилство, потоа верските институции кои често се гледаат како соучесник, загушените економии кои нудат малку можности за младите луѓе, како и циклусот на конфликти што ги поттикнува племенство и екстремизам.
Ова е причината зошто многу аналитичари ги повикаа владите на западните земји да погледнат во своите популации и не да се прашуваат дали терористичките идеологии може да се искоренат, туку зошто нивните граѓани се подложни на пораките за убиство во име на странска терористичка група.
„Тоа е социјален и политички проблем”, вели Питер Њуман, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и директорот на Меѓународниот центар за проучување на радикализација, кој додава дека сѐ повеќе граѓани од западот кои се вртат кон тероризам “не се длабоко со идеолошки поврзани или дури ниту религиозни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.