Управниот Одбор на Македонската Кошаркарска Федерација ги повлече и првите конкретни чекори во обидот да се зголеми влијанието на домашните кошаркари на натпреварите од македонскиот шампионат. Имено, МКФ го испрати до клубовите предлогот за новиот регистрациски правилник, што доколку ја добие поддршката од прволигашите би бил изгласан преку дописно собрание.
Во предлогот на МКФ се наведува дека бројот на странски кошаркари може да остане шест, како и минатата сезона, но на теренот во секој момент од натпреварите би требало да има најмалку по двајца македонски играчи од секоја екипа. Челниците на мак-баскетот се надеваат дека со тоа ќе се намали потребата од странци, па клубовите полека, но сигурно самоиницијативно ќе го намалуваат бројот на немакедонски кошаркари во своите редови.
Воедно, во предлогот се инсистира на зголемување на цената за издавање на лиценците за странски кошаркари во Македонија. Отсега тие ќе изнесуваат по 850 евра за првите четири странци во екипите, 1.500 евра за петтиот странски кошаркар, а 3.000 евра за шестиот и секој нареден играч што не е од Македонија (доколку клубовите ги „промашат“ засилувањата, па доведат нови играчи во текот на сезоната).
На потег се клубовите, кои ќе треба да се изјаснат какви се нивните ставови по овој предлог, но јасно е дека ќе треба што поскоро да се реагира, за и самите екипи да имаат јасна визија колку странци, а колку домашни играчи ќе им бидат неопходни за следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева: Успешен референдум ќе ја испере вината на странците и посебно вината на власта!
-
Новите министри утре ќе бидат предложени до Парламентот
-
За новиот предлог Заев прво ќе ги информира Иванов и лидерите на партиите
-
Теодоракис: Владата по Велигден ќе донесе предлози во грчкиот Парламент за Скопје