| четврток, 6 декември 2018 |

Цигара или свеќа: Сведочење за трагедијата во Бразда во која жив изгоре скопјанец

2E5A011C0C4B95439E273A34C749F66D

Скопјанецот Дарко Живковски (46) е лицето што било пронајдено починато во опожарена куќа во саботата во скопското село Бразда, потврдија од МВР.

Како што дознава Дневник, тој живеел сам во куќата на своите родители, а пожарот кој ја изгоре куќата и за жал го однел во смрт, бил предизвикан најверојатно од свеќа.

Во Бразда сѐ уште се чувствувал мирис на изгорено. Наспроти куќата каде се случи трагедијата има продавница, каде тој често навраќал.

Дарко не беше женет, живееше сам и беше многу добар човек. Купуваше свеќи за да не живее во мрак. Живееше скромно, но не се жалеше, вели негов сосед за Дневник.

Нe разбуди мирисот на изгорено. Беше околу 2 часот. Вечерта имаше невреме и многу врнеше, па кога излеговме сe уште паѓаше дожд. Се исплашивме. Прво разгледавме низ куќата и низ дворот. Никаде немаше пламен. Kуќата до нас е стара и напуштена, но и оттаму немаше ништо. Тогаш забележавме дека од куќата пред неа, во која живееше Дарко низ капките дожд се пробиваше чад – велат соседите.

Дождот кој истурал таа вечер спречил пожарот да ја пепелоса цела куќа.

Од МВР велат дека сѐ уште се утврдуваат причините за пожарот во кој настрада Живковски.

Од увидот е утврдено дека на телото на починатиот немало траги на насилство, а смртта настанала како последица од труење со јагледорен моноксид. Со оглед дека во куќата немало електрична енергија, пожарот најверојатно избувнал од отворен пламен од свеќа или од запалена цигара – велат од МВР за Дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top