Непосредно по завршувањето на трката од кралската класа на мотоиклизмот на патеката Заксеринг, Дорна спорт, компанијата која е сопственик на комерцијалистичките права на МотоГП и Меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ) ја обелоденија одлуката во 2018 година границата на спортот ќе биде поместена малку посеверно. На точно 110 километри од главниот град на Финска ќе биде изградена нова патека која ќе биде домаќин на финското ГранПри.
– Мило ни е што МотоГП повторно се враќа во Финска. Очекуваме за точно една година од сега да биде комплетирана патеката, а потоа ќе се сконцентрираме на околината. МотоГП ќе биде посебно за оваа земја, многу сме среќни за тоа, ова е историски момент – изјави Тимо Похјола, проектниот менаџер на патеката.
Ова е враќање на трка на финско тло откако последната беше одржана во 1982 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.