| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе здивнеме од жешкото – свежо и ветровито време низ Македонија

Времето денеска ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Кон крајот на денот во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Утринските температури  ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура ќе биде во интервалот од  22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачнот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 15 до 26 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top