| четврток, 6 декември 2018 |

Откако пропадна трансферот на Канте, Зизу го посакува Вилијам Карваљо

Portugal defeates Cameroon 5-1 in international friendly

Европскиот клупски првак Реал Мадрид засега е мирен на трансфер пазарот, но сигурно дека раководството на клубот и тренерот Зинедин Зидан размислуваат за нови засилувања во овој летен преоден рок. Со оглед дека Французинот Н’Голо Канте, кој беше желба и на Зидан, се реши да го облече дресот на Челси, сега „кралевите“ бараат нова опција за засилување на позицијата дефанзивен играч за врска. Зидан сака да им уште една солуција на местото каде игра Бразилецот Кашемиро, а најавите велат дека Реал Мадрид во најскоро време ќе испрати понуда до Спортинг Лисабон, за ангажман на португалскиот репрезентативец Вилијам Карвалјо.

Тој имаше забележителни игри на ЕВРО 2016 во националниот тим, а веќе неколку сезони важи за еден од најталентираните играчи во Европа на оваа позиција. Оттаму и интересот на Реал Мадрид, но Спортинг Лисабон засега не сака да попушти и бара да биде платена отштетната клаузула која изнесува 60 милиони евра. Од друга страна, „кралскиот клуб“ сака да вклучи уште еден играч кој би заменил во спротивна насока, најверојатно младиот Норвежанец, Мартин Одегард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top