| четврток, 6 декември 2018 |

За првпат во Примера дивизија е воведена зимска пауза

FC Barcelona vs Real Sociedad

Во Примера дивизија во Шпанија за првпат е воведена зимска пауза што ќе биде со времетраење од околу дваесет дена. Ова го соопштија денеска челниците на првата лига, обелоденувајќи дека првиот дел од сезоната ќе заврши до 18 декември, по што ќе следи пауза до 6 јануари.

– Одлуката е донесена бидејќи по завршувањето на сезоната фудбалерите нема да имаат обврска кон репрезентациите на големите натпреварувања, па не треба да се брза со прерано завршување на лигите – пишуваат шпанските медиуми.

Само за споредба, минатата сезона натпревари од Примера дивизион се играа и на 31 декември, а се играше и коло од 2 до 4 јануари.

Годинава Примера ќе стартува на 21 август, а бранител на трофејот е каталонскиот гигант Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top