| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот од Ница го шокирал семејството пред нападот

ulica vo nicaБратот на убиецот од Ница, кој со камиот два километри газеше се пред себе на шеталиштето, тврди дека неколку дена претходно на семејството во Тунис им испратил 100.000 евра.

Џабер Булел за медиумите вели дека  Мохамед Лауаејџ Булел ги поделил парите на познаниците од родното место кои ги пренеле парите до нив.

Булел повремено праќал помали износи на пари, па последната сума ги шокирала. Џабер тврди дека неговиот брат не е терорист, но додава дека бил психички болен и не бил дел од ИСИС.

ЧЕсто бил лут и тогаш викал на сите околу себе, се однесувал насилно и кршел. Таткото пак тврди дека не бил верски фанатик, туку боледувал од депресија.

-од 2002 до 2004 година имаше проблеми и тоа резултираше со нервен слом- вели таткото Булел. Додава и дека тој не бил верник и не се придржувал до обичаите, пиел и се дрогирал.

Дома последен пат бил во 2012 година, а и ретко се јавувал. Затоа и се изненадиле кога им стигнале парите. Сепак, семејството не мисли дека тој бил вплеткан во сомнителни работиили терористички групи.

-Ни ја испратил својата заштеда, се што имал во Франција. Работеше таму осум години и тоа го заштедил- велат за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top