Австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц повика на трезвеност во Турција и укажа дека превратот не е бланко- овластување за произволност. Човечкиот живот мора да се заштити, правната држава и демократија да се почитуваат, па упати директна порака до турскиот претседател Ердоган, да не се злоупотребува превратот за делувања спротивни на правната држава.
Тој во изјава за медиумите ги осуди пучистите истакнувајќи дека нивното делување, особено убивањето не може да се оправда.
на прашање пак, дали обидот за преврат бил неочекуван, Курц посочи дека „сите знаеме дека постоеше отпор не само од надвор туку и внатре во Турција заради авторитарниот стил на владеење на Ердоган“. Но, на така организиран воен удар не можело да се смета, додава Курц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.