Фотографијата на која се гледа реакцијата на еден татко веднаш откако му кажале дека неговиот син загинал во масакрот во Ница е една од најпотресните од оваа трагедија. Тахар Меџри со часови очајнички одел по шеталиштето и го барал својот син Килијан (4), но наместо да го најде, му биле соопштени најлошите вести.
Скршен од болка, како што забележале фоторепортерите, тој ги шири рацете во воздух и викал во немоќ. Уште поголема трагедија е тоа што пред да му биде соопштено дека неговото четиригодишно синче е мртво, дознал дека и неговата сопруга загинала во нападот.
Меѓу жртвите на крвавиот напад во Ница има десетина деца, но и една цела седумчлена фамилија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.