| четврток, 6 декември 2018 |

Официрите на турските војници им рекле дека се работи за вежба, а не за воен удар

Војниците кои се уапсени поради учество во неуспешниот воен удар во Турција пред истражните органи изјавиле дека мислеле оти учестуваат во воена вежба, пренесува турскиот дневник „Хуриет“.

Групата од десет официри и 67 војници се уапсени на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.

Според пишувањето на дневниот весник, за време на истрагата уапсените изјавиле дека во прашање е воена вежба.

– Дури кога почнаа луѓето да се качуваат на тенковите, сфативме што се случува – изјави еден од уапсените.

Според сведочењето на војниците, нивниот полковник наредил да се повлечат кога стигнале полициските единици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top