| четврток, 6 декември 2018 |

Целосна блокада и отсечена струја: Затворена најголемата американска база во Турција

baza

Турските власти ја блокираа американската воздухопловна база Инџирлик и го пресекоа снабдувањето со струја во истата. Во базата моментално се наоѓаат 1.500 американски војници припадници на американската авијација, кои спроведуваат т.н. операција против ИСИС. Мотивите зошто оваа витална база е блокирана и е скратено снабдувањето со струја сеуште не се познати.

Пентагон во петокот вечерта соопшти дека ги презема сите потребни мерки со цел обезбедување на безбедност на американските вооружени сили, цивили кои работат во базата и нивните семејства.  Пентагон уште во март оваа година нареди членовите на семејствата на воениот персонал од базата итно да се евакуираат од базата Инџирлик на југот на Турција поради безбедносни причини.

Последните информации од турските власти се дека, тие ги предупредиле САД дека воздушниот простор ќе биде затворен додека не се воспостави потоплна контрола над ситуацијата во таа област по обидот за државен удар.

Турските воени власти рекоа дека сакаат да се уверат дека сите елементи на турските воздухопловни сили се во рацете на владата, бидејќи во петоток вечерта со некои од авионите управуваа бунтовниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top