
Премиерот на Турција, Бинал Јилдирим денес изјави дека никој не може да ја скрши Турција и им се заблагодари на поддршката на пријателските земји кои вчера им пружија помош за време на обидот за државен удар. Како што изјавил тој, до сега уапсени се 2 839 војници.
– Можеме само да му се заблагодариме на Бога што ги поразивме луѓето кои ги направија овие проблеми. Ништо од тоа што го направија не беше во склоп командите, туку тоа го стори група која сака да оствари свои лични цели. Тоа е паралелна државна структура во армијата, истакнал Јилдирим во своето обраќање.
– Нашите команданти и офицери ја заслужуваат секоја пофалба за тоа што им се спротиставија на оние кои го направија овој чин. Би сакал да им се заблагодарам и на сите граѓани кои застанаа рамо до рамо со полицијата во борбата. Ова што ни се случи е доказ дека во Турција владее демократија, а таа е важна за нашата земја и слобода. Тие што се обидоа да направат воен удар треба да сфатат дека никој не може да ја скрши оваа нација, завршил премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


