Откако кинеските милијардери го презедоа раководењето на Милан навивачите на овој тим се надеваа дека „росонерите“ конечно ќе почнат да ангажираат вистински засилувања кои би можеле да го вратат тимот на врвот на италијанскиот фудбал. Токму затоа, разочарувањето е огромно откако и новите газди продолжија по стапките на своите претходници, доведувајќи нов ветеран во својот клуб. Станува збор за екс-фудбалерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, кој според информациите од Италија веќе го договорил својот трансфер на „Сан Сиро“.
„Спорт Медиасет“ тврди дека Арбелоа потпишал едногодишен договор со Милан, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Шпанскиот бек стигнува во Италија како слободен играч, откако му истече договорот со екипата на Реал Мадрид, од каде воопшто не му беше понудено продолжување на соработката.
Арбелоа ќе донесе искуство во таборот на „росонерите“, но за врвни резултати неопходен е и квалитет, а токму тоа е она што му недостига на Милан за да се вмеша во битката за излез во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим