| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Овој напад нема да успее, голем дел од војската е со Ердоган!

Оние кои ја напаѓаат туркста стабилност ги напаѓаат и нашите хуманитарни обиди, но овој напад нема да успее, вели Ахмет Давутоглу.

Стабилноста на Турција не претставува стабилност само на една држава, туку на повеќе земји и стабилност на прибежиштето на милиони бегалци кои оваа земја ги прими, рече за Ал Џезеира поранешниот турски премиер Давутоглу.

-Меѓународната заедница треба да го сфати значењето на стабилноста на Турција, нагласи тој.

Тој рече дека смета оти државниот удар не го прави целата војска.

-Тоа е негативно влијание на војската, сите елементи на нашата војска, која треба да ги штити гордоста, народот, државата… Ова не е државен удар кој го врши комплетната војска, туку одредени елементи обидувајќи се да ја дестабилизираат нашата командна структура. Токму затоа се надеваме дека командната структура на војската ќе и биде лојална на турската власт.

-Не е тоа голема група, голем елемент, бидејчи турскиот народ ги има сите користи од демократската култура. нашата војска од оваа демократски избрана влада доби авторитет, тие се тука да го поддржат народот, нашата економија. Оваа банда се обидува да ја злоупотреби војската. Сепак, сигурен сум дека командната структура ќе покаже предаденост кон избраната Влада, додаде Давутоглу.

Според него турскиот претседател и премиерот се во постојан контакт, и Владата работи.

-Не постои одреден голем безбедносен проблем за претседателот, но нашата безбедност не е важна, колку што е важна бебзбедноста на народот, земјата и индината на младите генерации.

-Кога во 60-тите години дојде до воен удар мојот претходник, премиер беше обесен, јас тогаш имав само една година. по тоа имаше безброј обиди на војската да се направи тоа, но не успеваа во тоа. Сигурен сум дека ќе ја заштитиме нашата демократија, нашата гордост и дека ваквите елементи ќе бидат уништени и во тоа нема сомнение, заклучи поранешниот турски премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top