| четврток, 6 декември 2018 |

Германија го одбила барањето на Ердоган за азил! Турскиот претседател се обидел да замине за Лондон

Според последните информации, Ердоган се обидел да одлета за Лондон откако бил одбиен од Германија, јавува НБЦ. Претходно имаше информации дека тој е на одмор во Бодрум од каде тргнал кон аеродромот во Истанбул или во Анкара.

erdogan avion

Западните медиуми после тоа ја пренесоа информацијата дека Ердоган со приватен авион можеби слетал во Грција, како и дека побарал азил во Германија и дека неговиот авион чекал да добие дозвола за слетување, но барањето му било одбиено, потврдува извор кој го цитира НБЦ.

Ердоган и германската канцеларка Меркел имаат посебна соработка по прифаќањето на Турција на бриселскиот договор кој се однесува на мигрантите, а кој го иницираше Берлин. Сепак, никој од германскиот државен врв не се обратил во јавноста да ги потврди или демантира овие информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top