„Кој да ми запее кој“ – публиката во моментот во еден глас пее заедно со Каролина. Втората вечер на „Пивофест 2016“ веќе е во полн ек, а дождот не ја спречи публиката да дојде во Прилеп.
Последиците од бурата која попладнето го зафати градот брзо беа расчистени, па вечерва нема ни трага дека нешто се случувало. Гужва е и на штандовите и пред бината, каде наскоро ќе настапува Хари Мата Хари.
Денешниот ден на фестивалот е посветен на жртвите во Ница. Водителите Марјана и Жаре ја повикаа публиката да ги крене чашите.
– „Пивофест“ значи дружење и заедништво, па да испратиме таква порака до светот – изјавија тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.