| четврток, 6 декември 2018 |

На улиците на Истанбул се судрија војската и полицијата, генералите тврдат дека Ердоган е симнат

Двата главни моста во Истанбул се затворени од војската, јавува Би-Би-Си. Сообраќајот на двата моста е забранет, но причината за затворањето сеуште не е позната.
Како што јавуваат медиумите над Анкара надлетуваат авиони и се слуша пукање.

23:02 Еден од најголемите турски воени заповедници е земен како заложник.

23:00 На социјалните мрежи се појавија фотографии на луѓе во долги редови кои стојат пред банкомати за да подигнат пари.

22:55 Сите летови за Истанбул се откажани.

22:50 Скај њуз јавува дека на улиците на Истанбул се води борба меѓу војската и и полицијата. Полицајците кои ја бранат претседателската палата наводно се разоружани..

22:42  Блокирани се сите социјални мрежи на улицата се тенкови

22:40 Tурската војска тврди дека Ердоган е симнат од влас и дека тие ја контролираат државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top