Пари сен Жермен работи на доведување на нови фудбалери, но „светците“ во меѓувреме изненадија со квалитетно засилување во раководните структури, именувајќи го Патрик Клајверт за свој нов спортски директор.
Поранешниот холандски голгетер пред само два месеци прифати да биде прв тренер на кадетскиот тим на Ајакс, но го напушти холандскиот гигант откако доби понуда што не се одбива од раководството на францускиот шампион.
„Огромна чест е да се приклучам на еден вака голем клуб. Се селам во Париз, но сакам да се заблагодарам и на Ајакс, клубот каде се развив како играч и кој секогаш ми укажувал доверба. Знам дека во ПСЖ целите се највисоко поставени и подготвен сум да работам напорно за да помогнам во нивно остварување“ – изјави Клајверт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.