| четврток, 6 декември 2018 |

Акраповиќ: Резултатот ветува, но рано е да се радуваме дека сме во следното коло

skendija pres

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Бруно Акраповиќ, по ремито без голови на првиот дуел против Нефчи во Баку, во рамките на 2. квалификациско коло од Лигата на Европа, потенцира дека мора тимот да остане максимално концентриран за реваншот доколку сака да продолжи во следната рунда европски натпревари.

– Знаевме дека Нефчи е многу добар тим, и затоа пристапивме внимателно на дуелот. Според мене 0-0 е добар резултат пред реваншот во Скопје, затоа што сме позиција да ги оствариме своите цели за пласман понатаму на европската сцена. Но, премногу е рано за да се каже дека ние веќе сме во следната рунда. Шансите на двата тима се уште се 50-50. На домашен терен за седум дена мора да играме уште поагресивно, поблиску до противничкиот гол за да дојдеме и до посакуваната реализација – истакна Акраповиќ на прес-конференцијата по средбата во Баку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top