| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадата во Париз смирува: Нема повредени или загинати македонски државјани

Нема загинати или повредени македонски државјани во терористичкиот напад во Ница. Од Амбасадата на Македонија во Париз за „Телеграф“ велат дека немаат никакви информации за наши луѓе и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи.

Ница е честа туристичка дестинација на голем број туристи од Македонија и од соседните земји. Во нападот загинаа најмалку 84 лица, а околу 50 други се ранети. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека меѓу загинатите има и деца, како и дека 18 од повредените се во критична состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top