Полициски службеник во Кенија во напад на гнев убил седум свои колеги, соопштија во четвртокот тамошните власти, објави Макфакс
Осомничениот Абдихаким Маслах и самиот бил застрелан. Инцидентот се одиграл во покраината Капенгурија, на западот од Кенија.
Според полициското соопштение, Маслах бил отпуштен од работа во средата вечерта, а веќе следното утро се вратил во полициската станица и отворил оган врз своите довчерашни колеги, пренесува Associated Press.
Полицијата првично се сомневала дека станува збор за екстремист близок на радикалното исламистичко сомалиско движење ал-Шабаб, коешто често изведува напади врз безбедносните сили и во соседните држави.
Ваквите сомневања потекнувал од тоа што тој за време на нападот носел турбан кој целосно го сокривал лицето на напаѓачот, а такви носат исламистите на споменатата група.
Агенцијaта Reuters претходно објави дека напад извршило уапсено лице осомничено за поврзаност со тероризам. Тоа отворило оган во полициска станица во западна Кенија, при што биле убиени четири полицајци, а напаѓачот земал заложници.
Не е јасно дали станува збор за истиот напад во кој полицијата потврдува седум свои жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје