Шкендија одигра реми без голови на гостувањето во Азербејџан, против тимот на Нефчи, во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Останува овој дуел да се решава на реваншот кој ќе се игра по седум дена во Скопје. Шкендија беше значително подобар противник на овој меч, против тимот за кој игра македонскиот репрезентативец, Ванче Шиков.
Во осмата минута, Шкендија имаше фантастична можност да поведе и да го шокира Нефчи. Жуниор и Ибраими одлично проиграа, следеше асистенција до Марјан Радески во шеснаесетникот, кој го мина голманот Сантини и шутираше откосо од левата страна, но го погоди само дирекот од противничкиот гол.
Возврати Руслан Гурбанов на спротивната страна, кој од десетина метри од изгледна позиција шутираше непрецизно.
Во 26.минута, Бесарт Ибраими испрати силен удар од 20 метри, но голманот на Нефчи ја одби топката во корнер.
Пред самиот истрек на првиот дел, повторно Гурбанов имаше можност за домашниот тим. Тој шутираше со глава од седум метри, но топката заврши крај голот на Захов.
На почетокот на вториот дел, Абдулајев упати силен шут од 20 метри, но голманот на Шкендија одлично интервенираше.
Во 65.минута, нова одлична акција на Бесарт Ибраими. Во соло продор мина неколку противнички фудбалери, се реши на удар од 30 метри, а Сантини со крајни напори успеа да ја скроти топката.
Три минути подоцна, Жуниор го проигра Радески, кој шутираше од работ на шеснаесетникот, но не беше прецизен.
Мечот влезе во својата завршница, а Бесарт Ибраими во 82.минута имаше уште еден обид од 20 метри, но не успеа да ги погоди рамките од голот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЛШ: Шкендија убедливо поразена од Салцбург
-
Погледнете како славеа навивачите на „Шкендија“, навредувајќи ги Македонците! (видео)
-
Азербејџан преку таен фонд од скоро три милијарди долари поткупувал странски лобисти, новинари и бизнисмени
-
„Милан“ утре доаѓа во Скопје, но нема да одржи официјален тренинг