| четврток, 6 декември 2018 |

Најубавата госпоѓа на планетата е Рената од Македонија (ФОТО)

makedonka-e-najubavata-mrs.planet-za-2016-godina-228446

На престижниот „Mrs.Planet 2016“, интернационален избор за убавина на кој се натпреваруваат мажени жени, нашата земја ја претставуваше убавата мајка, сопруга и деловна жена Рената Чапароска, која триумфира со неколку освоени титули: „Лице на Созопол”, „Најубави вечерни фустани” „Mrs.Planet – 2016 за најубава жена”.

-Претставувајќи се себеси јас лично ја покажав убавината на мојата земја, во која подеднакво се раѓаат убави, интелигентни и вредни жени кои знаат да го искористат како професионалниот така и личниот став кон убавината што треба секој од нас да ја негува не само надворешно туку со сето свое внатрешно битие, вели таа за Фешнел.мк.

makedonka-e-najubavata-mrs.planet-za-2016-godina-228448

За да се учествува на овој избор треба да се сиполнат неколку услови, а најваже е учесничката да биде полнолетна, односно на возраст од 18 до 40 години и секако да поседуваат убавина и стандардните пропорции како висина, тежина, шарм, итн. Ова натрепварување е меѓународно.

Нашата Рената се натпреварувала со учеснички од Европа, Азија, Латинска Америка, Африка, Австралија, Русија.

Рената Чепароска е вработена во Институтот за јавно здравје во службата за односи со јавноста, но и покрај работниот ангажман, не планира да се откаже од модата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top