Ана Ивановиќ првиот ден од венчавката во опшитната на Венеција судбоносното „Да“ го кажа во фустан вреден само 275 евра, од дизајнерот Паркер Фарел. Тој бред не уникатен и во Америка е многу популарен, но фустанот не е работен специјално за Ана, туку неа и се допаднал и веднаш го нарачала преку интернет .
За разлика од првиот фустан, венчаницата на Ана, која таа ја носеше на венчавката во црквата во Венеција е дело на дизајнерката Сузи Тарнер.
Како што известуваат германските медиуми, фустанот е работен специјално за Ана, а цената се проценува од 8 до 10 илјади евра. Задниот дел на фустанот е долг околу пет метри, а целиот фустан е тежок помеѓу 3 и 4 килограми.
На нејзината ексклузивна тоалета и парираше и нејзиниот сопруг кој одбра сериозно одело и машна пеперутка.
На Ана и помагаа при излегувањето од гондолата поради долгиот заден дел на венчаницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.