На јавноста релативно и е непознат инвестицискиот фонд во кој постар извршен директор е сопругот на новоизбраната британска премиерка Тереза Меј. Овој фонд е еден од најголемите и најмоќните во светот, а неговиот имот се проценува на 1,4 милијарди долари. Овој фонд контролира и 20 милијарди долари во акции на „Амазон“ и „Старбакс“.
Новата премиерка, меѓудругото ги навела имињата на овие две компании во своето ветување за сузбивање во избегнување на плаќањето данок.
„Фонд капитал груп“, чие седиште е во Лос Анџелес, поседува големи удели во компаниите како што се „Филип Морис интернешенал“, „Локед Мартин“ пишува весникот „Индепендент“.
Меј работи во канцеларија во Лондон. „Капитал груп“ наголемо профитираше од инвестициите во „Амазон“ и „Старбакс“, а двете компании се под истрага за неплаќање данок.
– Мора да разговараме за даноците. Не ме интересира дали се во прашање „Амазон“, „Гугл“ или некоја друга компанија, мора да дадете нешто. Имате долг кон населението, а тој долг се исплаќа низ даноците – изјави премиерката.
Не е познато дали Тереза Меј е запознаена со фактот дека нејзиниот сопруг е еден од најзначајните инвеститори токму во „Амазон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.