
Израелски борбени авиони синоќа навлегоа на сириска територија и бомбардираа зграда, за која верувале дека е воен магацин за оружје наменето за либанската организација Хезболах.
Израел потврди дека извршил воздушен напад, но не даде повеќе детали. Нападот следи непосредно откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека еврејската држава е подготвена за воени акции ако на Хезболах му биде испратено хемиско или друго оружје.
Во меѓувреме, американскиот претседател, Барак Обама, изјави дека не планира испраќање на пешадиска војска во Сирија, по се погласните шпекулации дека Вашингтон е решен воено на интервенира во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


