Сакам таков маж, каков што имам моментално, веќе осум години. Сталожен, организиран, нормално забавен, неженн. Ова е еднакво на бајка. Мојот прв и последен дечко – вака во големото интервју за магазинот „Unique“ Катарина Ивановска раскажува за нејзината врска со скопјанецот Цобе, со кој се заедно многу подолго отколку што смета јавноста.
– Се запознавме на забава на Дерик Меј во „Колосеум“ пред 8-9 години, тоа беше привлекување на прв поглед, буквално исто времено си пријдовме, јас потоа заминав за Америка и постојано се слушавме. Двајцата сме цврсти карактери, но јас сум таа која секогаш прва попушта, а тој често знае да ми прогледа низ прсти. Успеавме да балансираме – признава Катарина.
Убавата скопјанка вели дека кога е заљубена е дебела.
– Еве се гледа по мене. Двајцата сме големи гурмани, кога живеевме во Њујорк тој постојано готвеше. На Цобе му нема рамен кога станува збор за готвење, ова можат да го потврдат сите што ја пробале неговата храна. ,могу често знаеме среде ноќ да отвориме црвено вино, а тој да зготви паста, па низ целиот стан да се разлие мирис на лук, маслиново масло и домати. И како после да не го сакам? Мислам дека на таа карта ме фати, на гурманството. Тој готви, јас јадам. Дури и на почетокот, многу често ми готвеше – вели Катарина.
Во големото интервју од јунскиот број на магазинот, Катарина зборува и за нејзиното детство, кариерата, приватниот живот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.