| четврток, 6 декември 2018 |

Новата британска премиерка се сретна со кралицата (фото)

Досегашната британска министерка за внатрешни работи Тереза Меј официјално стана премиер на Велика Британија, соопшти Бакингамската палата.  Таа беше примена од кралицата Елизабета Втора, која и додели мандат за состав на нова влада.

– Планирам да ја водам Британија во истиот дух како и Камерон – истакна Меј по именувањето на премиерската функција.

Претходно кралицата Елизабета ја прифати оставката на Дејвид Камерон од премиерската позиција.

Се очекува новиот британски премиер, 59-годишната Меј во брзо време да го претстави својот кабинет.  Камерон поднесе оставка по одржаниот референдум на 23 јуни за иднината на Велика Британија во ЕУ, на кој Британците изгласаа излез на земјата од Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top