| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарен инцидент во Нови Сад: „Ја погодила песната“, па скокнала од мост

Една дваесетгодишна девојка, во вторникот вечерта, во Нови Сад, скокнала од 25-метарски мост во реката Дунав, од бизарна причина, како што рекла „ја погодила песната“. Неименувата девојка, како што објави агенцијата Бета, минала без повреди.

-Сакав да дознаам дали јас тоа смеам да го направам и дали можам. И сега знам дека можам. Ова повеќе нема да го повторам, полицијата ми забрани бидејќи тоа е кривично дело, законите не дозволуваат скокање од мостови, велат дека е премногу опасно“, изјавила девојката која инсистирала на анонимност.

Таа седела во кафуле на популарната плажа „Штранд“ во Нови Сад, која се наоѓа во близина на мостот „Слобода“, најголем и највисок мост во овој град.

Девојката рекла дека скокнала од 25-метарскиот мост бидејќи „ја погодила една песна“.

-Јас не сакав да се убијам, јас го сакам и уживам во животот, иако живеам помалку лудо“, рекла девојката.

Веднаш откако испливала на брегот покрај екипа на полицијата на местото се појавила и екипа на итната медицинска помош. По извршените прегледи лекарот констатирал дека девојката минала без повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top