Македонската манекенка Дунавка Трифуновска, мис во кралството Тајланд, на отварањето на Охридско лето се појави со круна на главата, во розова тоалета со толку големи процепи што дoзнавме и дека носи црвени гаќички. Во придружба на господин кој носеше кошула во истата боја како и нејзиниот фустан, на отворањето на Охидското лето, секако, седеше во ложата на Античкиот театар, веднаш зад претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на фестивалот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Дунавка го окупира вниманието на македонската јавност лани со настапот на Мис гранд интернешенал во Банкок, Тајланд. На претставувањето имаше настап кој се прераскажува и карикира и денеска, а сѐ уште е жива и сликата како се замотива со македонсото знаме. Исто така, никој не може да заборави како редум ги навредуваше сите кои слатко се насмеаја на нејзиниот „перформанс“. Игор Џамбазов, Наде Талеска, Весна Бејби Петрушевска, Мики Црнокрак… Дунавка имаше за сите по некој рафал, а потоа ја снема за одеднаш да се појави со круна на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“