Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната температура од 32 до 37 степени.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне ќе има услови за краткотрајна и локална нестаболност со пороен дожд и ретки грмежи.
До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност. В петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови.
В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер, кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.