| четврток, 6 декември 2018 |

Обама, Бајден и Буш на комеморацијата за убиените полицајци

obama bidenАмериканскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден денеска пристигнаа во Далас, каде ќе присуствуваат на поменот на петмината убиени полицајци во пукотницата во овој град од минатата недела.

На поменот ќе присуствуваат и сопругите на американскиот претседател и потпретседател Мишел Обама и Џил Бајден, како и неколку членови на Конгресот и поранешниот претседател на САД Џорџ Буш со сопругата.

На комеморацијата ќе зборуваат Обама, Буш и сенаторот од Тексас, Џон Корнин.

Обама претходно телефонски ги повика членовите на семејствата на двајцата афроамериканци кои минатата недела беа убиени од полицијата во одвоени инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top