Фудбалерот на Барселона, Арда Туран ќе го напушти клубот во текот на ова лето, откако не успеа да се снајде во редовите на тимот од „Камп Ноу“. Тој дојде во Барселона минатото лето, но, поради казната од ФИФА за Барса, можеше да заигра на почетокот на оваа година.
Кога му се овозможи тоа право, тој не успеа да се наметне кај тренерот на каталонците, Луис Енрике, иако во Атлетико Мадрид беше еден од најдобрите фудбалери. Со одличната форма на Ракитиќ и Иниеста, Туран својата шанса ја чекаше од клупата за резерви, и настапи на само девет натрпевари.
На тоа се надоврза неговиот очаен настап на Европското првенство во Франција, и медиумите од Шпанија наведуваат дека раководството не клубот сака што побрзо да се реши од неговите услуги, а за него интерес постои од Арсенал, Борусија Дортмунд и Фенербахче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.