Владица Рајковиќ кој ја уби Анѓелина Стефановиќ на 18 јуни ја убил и Драгана Становиќ, а на 24 јуни го измамил полиграфот без проблем пишува „Вечерње новости“.
Од извори блиски на истрагата весникот дознава дека таква личност ретко се среќава. Рајковиќ во ниту еден момент не покажува дека жали за тоа што го сторил, потполно ладнокрвно говори за тие настани, како да не сфаќа што направил.
Како што тој им раскажал на истражните органи тој кобниот ден прво се скарал со Драгана во нејзината куќа, а потоа ја удрил со чекан несреќната жена во глава и и нанел смртоносни повреди. Потоа телото го замотал во јорган и го фрлил од некоја падинка. Следниот ден дошол да провери дали телото уште плива во водата. Загазил во реката и почнал да го влече телото околу половина километар. Стигнал до еден железнички мост и таму го ставил под некои грмушки за да не може да исплива. Потоа се вратил дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца