| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да воспитате успешно дете? Не правете го ова

Секој родител сака неговото дете да порасне во успешна и среќна личност. Но, вашето дете е само ваше дете. Некогаш е повредено, некогаш претерано реагира, понекогаш плаче, се фрла на подот, вика и вреска.

Што треба да направите во таква ситуација: Постојат две можности:

Дотрчајте до детето и понудите му утеха. Што ќе постигнете со тоа? Ќе му дадете до знаење дека секогаш може да смета на вашата помош, што и да се случи. Така краткорочно си олеснувате и себеси.

Втора опција: Задржете одредено растојание, но внимавајте да не се повреди сериозно, но истовремено му дозволувате само да најде излез од ситуацијата во која се нашло.

И двата предлога звучат раузмно, зар не? Но, науката нема двојби за тоа која од овие два метода ќе му овозможи на вашето дете да се развие во силна и успешна личност.

Со други зборови, еден од овие методи е исправен и корисен, а другиот е целосно погрешен.

Метод: Пушти го да научи

Овој метод е полн со контроверзии и за него многу се расправа. Денес живееме во култура на страв: страв од болка, од странци, од неуспех, а нашите деца се всушност најголеми жртви. Сакаме да ги заштитиме од сè и да се осигураме дека ќе бидат среќни и сигурно, но така создаваме генерација што не знае да мисли за себе.

Место тоа, некои психолизи препорачуваат понекогаш да го пуштиме детето да научи само и ако не успее, со време ќе научи како да реагира како возрасен и зрел човек.

Метод: Секогаш сум тука за тебе

Овој метод се покажал како многу подобар отколку што би помислиле на прва.

Родителите што на емоциите на своите деца одговараат на начин на кој им даваат утеха, често успеваат да воспитаат деца што подобро владеат со општествените вештини и кои се подобро приспособени од тие родители што им говорат на децата дека претеруваат или,  пак, ги казнуваат ако се разлутат и вознемират.

Во истражувањето се покажало дека студентите што  изјавиле дека мајките ги казнувале додека биле мали, често имаат проблем со контролирање на лутината, отколку тие студенти што од своите мајки добивале поддршка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top