| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот филм за Борн на грчко-македонската граница

Петтото продолжение на светски познатата франшиза на филмовите за Џејсон Борн на крајот на јули пристигнува и во кината низ Македонија. Мет Дејмон, по паузата во четвртото продолжение, се враќа во улогата на агент на ЦИА, кој има амнезија.

Тоа што е интересно во последниот дел, кој имајќи ги предвид и техничките достигнувања веројатно ќе биде и највозбудлив, е што дејството продолжува на грчко-македонската граница, каде што Борн се буди по неговото исчезнување на крајот на третиот филм.

Дејмон изјави дека е многу возбуден околу овој проект, но дека тешко се враќал во форма, додавајќи дека едно е кога имаш 29, а друго 45 години.

Возбудливата акција е екранизација на книгите на Роберт Ландлам, а е во режија на британскиот режисер Пол Грингрес. Покрај Дејмон, во ова продолжение се враќа и Џулија Стајлс, а во филмот играат и Алиса Викандер, Винсент Кесел и Томи Ли Џонс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top