Специјална единица на германската полиција, која во заложничката драма упадна во канцелариите на една адвокатска фирма во Штутгарт, во подрумот од зградата пронајде тела на две лице со прострелни рани од куршуми.
Како што јавуваат германските медиуми, денеска попладне во зградата влегле две лица, а се претпоставува дека едниот бил киднапер, додека вториот адвокат.
Полицијата се уште официјално не ја потврди информацијата за пронаоѓање на телата, ниту мотивот за киднапирањето. Вооружен напаѓач денеска упадна во адвокатска канцеларија во Штутгарт и зема заложници. Случајот покрена голема полициска операција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.