| четврток, 6 декември 2018 |

Од колку години децата смеат да останат дома сами?

Кога да го оставите детето само дома, кога е тоа можно да го направите, се прашања кои себе си го поставува секој родител во некој момент од растењето на своето дете.

– Не постои точно одредена возраст кога детето може да остане само дома. Таа одлука зависи од тоа дали детето е доволно зрело за снаоѓање во неочекувани ситуации и дали се чувствува среќно кога е оставено само. Децата созреваат на различна возраст и секое дете е поинакво – велат психолозите и потсетуваат дека малите деца никогаш не би требало да бидат оставени сами, ниту на краток период.

И еден час без родителски надзор може да биде многу вознемирувачко за детето.

Повеќето деца на возраст од девет до 12 години не се доволно зрели да бидат оставени сами, освен накратко и сигурно не секој ден. Генерално, повеќето децата под 13 години не се доволно зрели за адекватно реагирање во итни ситуации, велат психолозите.

Тие истакнуваат дека просечна возраст за осамостојување на детето е на 10 години. Детето помало од 10 години не смее да биде само дома.

Најважен фактор е како детето се чувствува кога е само дома. Дали се чувствува опуштено и сигурно или чувствува страв и непријатност, бидејќи во спротивно може да се појават последици во емоционалниот развој. Така децата можат да станат несигурни во себе и светот околу себе, повлечени, интровертирани или, пак, спротивно, многу агресивни. Во тие случаи потребно е да размислите на кои други начини родителите можат да се снајдат, предупредуваат психолозите, додавајќи дека не смеат заборават да го остават домот безбеден за детето, во него да нема алкохол, лекови, опасни детергенти, оружје, запалки… на дофат на рацете на детето, а се препорачуваат и што повеќе тест-ситуации.

Родителите не смеат децата на предучилишна возраст да ги оставаат без надзор на возраснилица.

Барем до 10-тата година не би требало долго да го оставате детето само дома поради можните ризици и непредвидливи ситуации во кои можеби нема да знае да реагира на соодветен начин, предупредуваат психолозите.

Бидејќи сите училишта не нудат програми на продолжен престој, родителите на различни начини се обидуваат да ги подготват децата сами да се грижат за себе и со „клучот околу вратот“ уште од рана училишна возраст да бидат оптоварени со таа тешка и одговорна задача. Но, фактот дека меѓу нив се голем број децата помлади од 10 години мора да не загрижи.

Што е важно детето да знае?

Научете го своето дете:
– кого треба да повика во случај на опасност
– дали умее преку телефон прецизно и точно да ја објасни или изговори својата адреса
– никого да не пушта дома без ваша дозвола
– на непознатите кои ѕвонат на врата не треба да им открива дека е само дома
– како треба да постапува во случај на пожар
– да може слободно да ви се обрати кога нешто ќе го исплаши или ако се чувствува непријатно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top