| четврток, 6 декември 2018 |

Бензема поентираше: Многу сум среќен за моите пријатели Роналдо и Пепе

benzema

Најдобриот напаѓач на Франција, Карим Бензема на кого му беше соопштено од селекторот Дидие Дешамп дека нема да биде во составот на својата репрезентација на Европското првенство поради секс-аферата во која беше вклучен уште француски репрезентативец, Валбуена, очигледно беше пресреќен што токму неговата земја го загуби финалето на „Стад де Франс“.

По завршувањето на вчерашниот финален натпревар, Франција доживеа шокантен пораз од Португалија и остана без толку посакуваната титула. Очигледно е големото задоволството на Бензема за овој неуспех на неговата нација, откако упати најискрени честитки кон ривалите на неговата репрезентација.

– Големи честитки за Португалија, посебно за моите пријатели. Многу сум среќен заради Кристијано Роналдо и Пепе – напишал Бензема.

Бензема во 2007 година го имаше своето деби за Франција, одигрувајќи 81 натпревар во кои постигнал 27 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top