Жителите на селото Вратарница тврдат дека Владица Рајковиќ кој е осомничен за силување и свирепо убиство на малата Анѓелина (3), наводно убил уште две жени.
– Тој веќепризнал три убиства: ја убил Драгана Николиќ за чие тело сеуште се трага, Анѓелина (3) и една постара жена која исчезнала пред неколку години, тврдат жителите од селото Вратарница.
Тие се собрале пред селската продавница и ужасно се потресени од сето она што се случило.
Ни рекоа дека монструмот, наводно, синоќа ја одвел полицијата до гробиштата каде што се наоѓало телото на Драгана Николиќ, со која живеел до пред еден месец, а потоа таа исчезнала.
– Постојано беше со неа. Навечер одеше секаде, беше со постари жени, велат мештаните и додаваат:
– Рајковиќ се занимаваше со земјоделие, сечеше дрва и ги продаваше и никој не знае на што ги трошеше парите кои ги позајмуваше. Не пушеше, а понекогаш пиеше.
Знаеше да се напие, но не секој ден, потврдуваат жителите на селото за српскиот весник „Телеграф’.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.