| четврток, 6 декември 2018 |

Следуваат тропски горештини, па драстично заладување

Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена  локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови продолжува претежно стабилно и топло време и дневната температура ќе бележи пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминува 35 степени. Во југоисточните делови од земјава ќе достигне и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурата позначително ќе опадне и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и со грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top