Оперската дива Елина Гаранча која вторник вечер, ќе го отвори 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, попладнево пристигна на скопскиот аеродромот „Александар Велики“.
Срдечна и непосредна, со широка насмевка и неодолив шарм, кратко изјави дека со нетрпение чека да пристигне на охридската ривиера, место за кое слушнала дека е волшебно со прекрасно езеро.
-Само што пристигнав во Македонија и ова е мое прво доаѓање на Фестивалот Охридско лето. Едвај чекам да го видам тој прекрасен град и Фестивал. Пред извесно време настапив со Дмитри Хворостовски кој со воодушевување ми раскажуваше за неговиот настап пред три години. Се надевам дека и јас ќе ги доживеам истите мигови, рече светски познатиот мецо-сопран.
Гаранча веднаш од аеродром со луксузен автомобил тргна за Охрид каде ќе биде сместена во апартман на хотелот Инекс Горица. Според најавите утре, заедно со диригентот Ион Марин и раководството на Фестивалот , во претседателската вила ќе бидат примени од претседателот Ѓорге Иванов.
Љубителите на уметноста на 12 -ти, на свеченото отворање на фестивалот, ќе имаат ретка можност да уживаат во нивниот заеднички настап во придружба на Оркестарот на Македонската Опера и Балет.
Маестро Ион Марин пак во Скопје пристигна три дена порано а денеска допатува во Охрид.
-Многу ми е драго што сум повторно во Македонија. Во Охрид сум за прв пат професионално како диригент но, всушност ова е мое 3-то доаѓање во Охрид и Македонија и многу сум возбуден, рече Маестро Марин веднаш по пристигнувањето.
Романскиот диригент очекува незаборавен настап.
„Ја погледнав програмата за оваа година и можам да кажам дека е грандиозна има светски познати уметници а повеќето од нив се и мои пријатели. Години наназад слушам само пофалби за фестивалот од моите колеги но сега самиот се уверив и навистина ми е чест што сум дел од 56-то издание на Охридско лето. Особено ми е чест што ќе настапам со оперската дива Елина Гаранча која е на врвот на оперската сцена. Верувам дека заедно со Оркестарот на Македонската опера и балет ќе направиме незаборавен концерт, изјави диригентот кој е еден од ретките кои има добиено интернационално признание и во симфонскиот и во оперскиот жанр“.
Горд на фактот што е 2-ра генерација од семејството што е дел од Охридско лето, вели дека честа да се настапи на вака познат Фестивал е огромна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“